Магазин 25. август 2020. / 09:53

Колективниот договор за вработените од културата и по 7 месеци не се спроведува

Колективниот договор за вработените од културата и по 7 месеци не се спроведува

Потпишaниот договор меѓу екс министерот за култура, Хисни Исмаили , Синдикатот на културните работници и Синдикатот за образование, наука и култура и по 7 месеци не се спроведува во пракса.

Според договорот, културните работници зголемени плати требаа да имаа до 10 август и истите требаше да се пресметаат само со новиот договор бидејќи секој друг договор со културните институции е суспендиран со стапувањето на сила на овој договор. Затоа, од Синдикатот доставиле пред тужба до Министерството за култура.

Од Министерството за култура одложувањето на платите го образложуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 и не доставувањето на планот за систематизација од страна на културните институции.

Велат дека ја разбираат вознемиреноста на културните работници и ветуваат дека ќе го решат овој проблем но без да прецизираат одреден рок. Инаку, колективниот договор предвидува порамнување на платите меѓу културните работници и тоа беше постигнато по 15 години, по преговорите и неколкумесечните протести од културниот синдикат.