Музичкиот свет го изгуби кралот на фолкот Шабан Шаулиќ, а колегите во солзи сеуште не можат да поверуваат во страшната вест.
– Само што ми кажаа дека мојот Шабан загина. Не можам да верувам. – изјави Халид Бешлиќ за босанските медиуми.
Цеца Ражнатовиќ исто така е потресена.
– Не знам што да кажам, во шок сум, претажна сум. Цело семејство и јас занемевме, ова е трагична вест. Сочувство до семејството Шаулиќ. Пејач како Шабан треба да почива во Алејата на великаните. – рекла Цеца.
Пејачот Драган Којиќ Кеба заплакал и не можел да говори.
– Вчера се поздравив со него. – рекол Кеба и плачејќи го затворил телефонот.
Шаулиќ загина утрово на автопат во Германија, во тешка сообраќајна несреќа.