Магазин 07. мај 2020. / 15:30

Кол: Наместо витамини пиев вијагра, затоа бев најбрз на тренинг

Кол: Наместо витамини пиев вијагра, затоа бев најбрз на тренинг

Поранешниот фудбалер на Челси и Вест Хем, Карлтон Кол, се потсети на една анегдота која се случила за време на еден од тренинзите на репрезентацијата на Англија.

Тој откри дека пред еден тренинг на репрезентацијата место витамини земал вијагра. Место витамини испив вијагра. Можете само да замислите, бев најбрз на тој тренинг. Логично, затоа што имав три нозе, изјави Кол.

За оваа помалку чудна ситуација проговори и неговиот сонародник, Џермејн Дефо.

Зема затоа што мислеше дека тоа се витамини и дека се добри за неговото тело. Кога му кажавме што испил неговиот израз на лицето беше непроценлив. Само му кажав – ќе мораш да се бориш со тоа неколку часа, раскажа Дефо.