Основните симптоми на коронавирусот се висока телесна температура и сува, упорна кашлица, пренесува британски „Експрес“.
Сепак, можете да бидете во ризик од Ковид-19 доколку развиете и симптом на болка во грлото.
Болното грло е еден од раните, благи симптоми на корона вирусот – предупредува главната докторка Катрина Херен од клиниката „Доктор Линк“.
Иако болката во грлото е многу чест симптом на настинка и обично нема причина за грижа, некои пациенти позитивни на корона вирус пријавиле болка во грлото како симптом на инфекција.
Доколку одненадеж развиете симптом на болно грло, најдобро е да се изолирате 14 дена за да спречите можност од ширење на инфекција на другите.
Сепак, воспаленото грло има поширок спектар на симптоми од самото чувство на болка.
Црвенило во грлото, лош здив, отечени вратни жлезди можат да бидат пропратни симптоми на болно грло.
Како и останатите благи симптоми на коронавирусот, така и болките во грлото не се самостојни, па затоа е важно да не паничите доколку чувствувате само болки во грлото.
Вообичаените симптоми на коронавирусот се слабост, висока телесна температура, кашлица, краток здив, главоболка па и болно грло – вели д-р Херен и истакнува дека овие симптоми обично одат заедно, а не самостојно.