Магазин 07. февруари 2021. / 22:45

Кое овошје помага при закрепнување по КОВИД 19!

Кое овошје помага при закрепнување по КОВИД 19!

Луѓето кои го прележале  Ковид-19 можат да ги искористат поволните својства на јапонското јаболко, сметаат руски нутриционисти.

Јапонското  јаболко содржи витамини А, Б и Ц, што го прави особено корисно за луѓето со хиповитаминоза по вирусни инфекции и настинки. Јапонско  јаболко со средна големина, исто така, му обезбедува на организмот целата дневна доза на јод.

Овошјето е исто така богато со железо и калиум, потребни за пациенти со проблеми со функциите на кардиоваскуларниот систем. Антиоксидансите содржани во јапонското  јаболко се корисни и за пушачите.

Нутриционистите редупредуваат  дека потрошувачката на овошје не треба да се претерува.  Луѓето со алергии, дијабетес или запек треба да го исклучат ова овошје од нивната исхрана.