Магазин 03. август 2019. / 22:08

Кочани е градот со најголем процент на разводи, Штип последен на листата

Кочани е градот со најголем процент на разводи, Штип последен на листата

Кочани прв, а Штип последен на листата на градови со најмногу разводи.

Според Државниот завод за статистика, во првите три месеци од годината во Кочани се регистрирани 13 разводи и 34 склучувања на бракови. Веднаш по Кочани е соседниот град Виница, каде што за истиот период десет парови одлучиле да стават крај на својата брачна заедница.

Штип е последен на листата. Во првото тромесечје од годината само две брачни двојки побарале законски да се разделат. Финансиската состојба и невработеноста се едни од главните причини кои доведуваат до развод, сметаат граѓаните.

Но, не само економската состојба може да биде причина за развод. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тромесечје во Чешиново-Облешево имало само еден развод, а во Зрновци, Карбинци, Македонска Каменица и Пробиштип ниту еден.

Во второто тримесечје од 2018-та година, во Струмица биле склучени 99 бракови, а 19 завршиле со развод.

Во Македонија, покрај Скопје со 58, Тетово е втор град со најмногу разведени бракови и тоа 44.

Од регионот во Радовиш се разведени 17 бракови, во Гевгелија и Ново Село 5, Василево 2, Богданци 1, додека во Валандово, Босилово и Дојран нема регистрирано разводи.

Разведените бракови, во второто тримесечје од 2018-та година, бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017-та година и изнесува 394 разведени бракови.