Магазин 27. јануари 2020. / 19:51

Коби во 2020 постхумно ќе влезе во „Куќата на славните“

Коби во 2020 постхумно ќе влезе во „Куќата на славните“

Коби Брајант од активното играње кошарка се прости во 2016 година. Како што пренесуваат американските медиуми, Коби Брајант во 2020 година постхумно ќе биде примен во Куќата на Славните.

– Ова без сомнение се очекува да биде најубавата класа досега, со Коби, Тим Данкан и Кевин Гарнет. На Коби ќе му одадеме почести како што доликува, изјави шефот на Куќата на славните, Џери Коланџело.

Коби Брајант 20 години играше за Лос Анџелес Лејкерс, а во НБА лигата пристигна во 1996 година кога од 13-тата позиција го избраа Шарлот Хорнетс и во замена за Владе Дивац го трампаа во Лос Анџелес.

Генерален менаџер на Лејкерси тогаш беше Џери Вест, еден од менторите на Коби Брајант.