Магазин 20. јули 2020. / 13:32

Коби Брајант постхумно доби награда за хуманизам

Коби Брајант постхумно доби награда за хуманизам

Легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант постхумно ја доби наградата на Лос Анџелес „Еми“ за „добротворни цели, придонеси за развој на заедницата и инспирација, објави „Бличер Рипорт“.

Брајант кој го загуби животот во јануари во хеликоптерска несреќа, станува носител на варијација на наградата, која се доделува за неговите активности во Лос Анџелес.

Композиторот и пријател на кошаркарот Џон Вилијамс ја доби наградата во име на семејството Брајант.