Брзото ширење на корона вирусот во Јужна Америка го крена нивото на ургентност во многу држави, а епидемијата ги мобилизираше фудбалските клубови да излезат во пресрет и да помогнат во надминување на медицинската итна состојба што надоаѓа.
Најзабележителните примери за тоа како фудбалот се става во служба на граѓаните, доаѓаат од Аргентина и Бразил. Таму голем број клубови, до моментов 14, но има најави и за повеќе, ги отвораат своите тренинг центри и стадионите и ги ставаат на располагање на здравствениот систем. Тоа може да биде прилично значајно затоа што стадионите со својата инфраструктура може да бидат идеални за брзо поставување на мобилни клиники или, пак, места за карантин во случај на потреба.
Сантос и Коринтианс во Бразил, како и Бока јуниорс, Сан Лоренцо и Њуелс олд Бојс во Аргентина се дел од 14. клубови коишто веќе искомуницираа со своите влади за отвореноста на нивните стадиони во секој момент да бидат пренаменети во центри за итни случаи доколку бројот на заразени во Јужна Америка почне експоненцијално да расте, како што се случува тоа во Европа.