Магазин 28. април 2020. / 20:45

КК Работнички е против прогласување шампион на 50% одиграно првенство

КК Работнички е против прогласување шампион на 50% одиграно првенство

Во пресрет на состанокот закажан за утре, 29 април од страна на Кошаркарската федерација на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасната по двата предлога предложени од страна на КФСМ, КК Работнички АД соопшти дека ќе гласа за предлогот првенството да се заврши без прогласување на шампион.

– Прогласување на шампион на 50% одиграно првенство е се само не е спортско и фер завршница на првенството. Шампион се станува на терен, Работнички сака шампион на терен не во канцеларии, соопштија од клубот.

Двата предлози кои утре ќе се најдат на маса на состанокот на федерацијата се:

Прв предлог: Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи

Втор предлог: Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи