Магазин 27. мај 2020. / 16:51

Ќе се снима серија за семејството Милошевиќ

Ќе се снима серија за семејството Милошевиќ

Почнува снимањето на новата српска серија насловена „Фамилија“. Ќе се бави со животот на семејството Милошевиќ кое околу 20 години беше на власт. Ќе ги видиме Слободан и неговата сопруга Мира, Чеда Јовановиќ и премиерот Зоран Ѓинѓиќ, Чеда Јовановиќ, Коштуница и др.

Режисерот Бојан Вулетиќ вели дека серијата нема да ги сатанизира или глорифицира главните ликови туку на реален начин да го прикаже нивното владеење.

Централна тема на серијата ќе биде „5 октомври“ кога Милошевиќ беше симнат од власт.По неколку месеци тој беше однесен и во Хаг каде што почина