Магазин 07. јули 2020. / 09:49

Ќе дува северен ветер со брзина до 90 километри на час

Ќе дува северен ветер со брзина до 90 километри на час

Времето претпладне и околу пладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Утринската температура се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 32 степени Целзиусови.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура се спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени Целзиусови.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.