Магазин 11. февруари 2020. / 14:00

Кирк Даглас ми го спаси животот изјави Џејми Ли Кертис

Кирк Даглас ми го спаси животот изјави Џејми Ли Кертис

Актерката Џејми Ли Кертис се присети на тоа како легендарниот актер Кирк Даглас, кој неодамна почина, своевремено и го спасил животот.

Кертис во објава на Инстаграм напиша дека кога била помала завршила со својот трицикл во базен на една забава.

Даглас веднаш скокнал во вода и ја извлекол од дното на базенот, додека таа се уште ги движела тркалата, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Кирк е пример за сите нас. Храброст, интегритет, великодушнос, напиша Џејми Ли Кертис.

Таа додаде дека Кирк и неговата сопруга Ана биле семејни пријатели на нејзините родители Тони и Џенет, па потсети и дека сите заедно играле во филмот „Викинг“ од 1958 година.

Кертис напиша и дека одела на училиште заедно со синот на Кирк, Ерик, кој почина уште во 2004 година.