Магазин 06. август 2020. / 11:51

Кинотека под отворено небо

Кинотека под отворено небо

Велат дека и од секое лошо може да испадне некое добро. Минатата година Кинотеката го организираше просторот во нејзиниот двор и за прв пат прикажа филм под отворено небо. Годинава, како што знаете, во склад со здравствените протоколи во борбата со пандемијата на Ковид 19, Кинотеката веќе го одомаќини летното кино кај филмофилите.

По исклучителниот циклус филмови со Чарли Чаплин, крајот на јули и добар дел од август се резервирани за мошне интересни и интригантни наслови. Веруваме дека тие ќе претставуваат вистински предизвик за синеастично уживање под отворено небо…, велат од Кинотека.

30 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч

УБИСТВОТО НА СВЕТИОТ ЕЛЕН

(The killing of sacred deer )

Игран филм, Ирска / В. Британија

2017, 121 мин., колор, ДЦП

Режија: Јоргос Лантимос (Yorgos Lanthimos)

Сценарио: Јоргос Лантимос, Ефтимис Филипу (Yorgos Lanthimos, Efthymis Filippou)

Улоги: Николд Кидман, Колин Фарел, Бери Џ. Бернсон,Херб Кајет, Бил Камп (Nicole Kidman, Colin Farrell, Barry G. Bernson, Herb Caillouet, Bill Camp)

 

Психолошкиот трилер од режисерот Јоргос Лантимос, мајсторот на црната комедија, со наслов УБИСТВОТО НА СВЕТИОТ ЕЛЕН, ја раскажува приказната за еден тинејџер кој се обидува да воведе брилијантен хирург во своето дисфункционално семејство. Во главната улога се појавува Колин Фарел, додека неговата сопруга ја глуми оскаровката Никол Кидман.

Последнава деценија Лантимос го освои филмскиот свет, претставувајќи ја неговата естетика на „необични“, „чудни“ филмови. Филмот УБИСТВОТО НА СВЕТИОТ ЕЛЕН на Лантимос беше во конкуренција за „Златна палма“ на Канскиот фестивал 2017 година, а ја освои наградата за најдобро сценарио. Забележа уште неколку номинации за Европските филмски награди, како и учества на десетина филмски фестивали.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

31 ЈУЛИ (ПЕТОК), 21:00 ч

СТУДЕНА ВОЈНА

(Zimna wojna / Cold War)

Игран филм, Полска / Велика Британија / Франција

2018, 90 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Павел Павликовски (Pawel Pawlikowski)

Сценарио: Павел Павликовски, Јануш Гловацки (Pawel Pawlikowski, Janusz Glowacki)

Улоги: Јоана Кулиг, Томаш Кот, Борис Шиц (Joanna Kulig, Tomasz Kot, Borys Szyc)

Сторијата на филмот зборува за страсната љубовна приказна меѓу младата и амбициозна пејачка и танчарка Зула (Јоана Кулиг) и музичарот и диригент Виктор (Томаш Кот). Зула излегува од поправен дом и се пријавува на аудицијата на новоформираното културно-уметничко друштво што ги негува традициите на полскиот фолклор веднаш по војната.

СТУДЕНА ВОЈНА освои „Златна палма“ за режија во Кан минатата година и беше еден од најсериозните кандидати за Оскар, со бројни одлични критики низ целиот свет.

 

 

1 АВГУСТ (САБОТА), 21:00 ч

8 АВГУСТ (САБОТА), 21:00 ч

17 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч

 

ПАРАЗИТ

(Gisaengchung/ Parasite)

Игран филм, Јужна Кореја

2019, 132 мин., колор, ДЦП

Режија: Бонг Џун Хо (Bong Joon Ho)

Сценарио: Бонг Џун Хо (Bong Joon Ho)

Улоги: Канг-хо Сонг, Сун-киун Ли, Јео-џеонг Џо (Kang-ho Song, Sun-kyun Lee, Yeo-jeong Jo)

 

Четиричленото семејство Ки-Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица.

ПАРАЗИТ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот, според зборовите на режисерот, е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година ПАРАЗИТ ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како прв јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда, а триумфираше и како севкупен победник на доделувањето на „Оскарите“.

 

5 АВГУСТ (СРЕДА), 21:00 ч

Мирно Лето

игран филм,  Р.С. Македонија ,

 

1961, 99 мин., црно-бел, ДЦП

 

режија: Димитрие Османли

 

сценарио: Фрида Филиповиќ

 

улоги: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ

 

Познат како првата македонска филмска комедија, филмот Мирно лето се вбројува во еден од класиците на македонската кинематографија. Преку една доста едноставна приказна публиката се запознава не само со ликовите на филмот, туку и со идеја за менталитетот на еден народ. Околностите на животот доведуваат Заре и Мира да се преселат во Охрид, каде се надеваат дека ќе најдат спокојство и бегство од неуморните очи и усти на нивното соседство. Но, како што ќе дознаат јунаците на оваа приказна, нештата никогаш не се толку едноставни. Со доаѓањето на првиот гостин во Охрид се отвара портата и за други непоканети гости. Започнува бркотница и хаос, кои брачниот пар Мисевски никако да ги избегнат и да го достигнат долго посакуваниот мир.

 

 

6 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч

КАДЕ ПРИПАЃАМЕ?

(Where We Belong)

Документарен филм, Швајцарија

2019, 78 мин., колор, ДЦП

Режија:  Жаклин Цинд (Jacqueline Zünd)

Сценарио:  Жаклин Цинд (Jacqueline Zünd)

Учествуваат: Карлтон Гогел, Шерада Гогел, Томанс Курман (Carleton Gogel, Sherazade Gogel, Thomas Kurmann)

 

Поетски и интензивен документарен филм, кој ни прикажува како младите се борат со разделбата на нивните родители.

Родителите се разделуваат, семејството се распаѓа. Од она што некогаш било едно сега произлегуваат два одвоени светови. Децата сега живеат меѓу два дома, во постојана транзиција. Филмот се обидува да ни ја приближи детската реалност и се фокусира на тоа колку децата се кревки, но истовремено и колку храбро, паметно и со смеа ја перципираат нивната состојба.

Филмот е номиниран за „Кристална мечка“ на филмскиот фестивал Берлинале 2019 во програмата Generation Kplus и е добитник на Young Eyes наградата на Документарниот фестивал во Лајпциг.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

7 АВГУСТ (ПЕТОК), 21:00 ч

ХРОНОФОБИЈА

(Chronofobia)

Игран филм, Швајцарија

2018, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Франческо Рици (Francesco Rizzi)

Сценарио: Даниела Гамбаро, Франческо Рици (Daniela Gambaro, Francesco Rizzi)

Улоги: Виничио Маркиони, Сабине Тимотео, Леонардо Нигро (Vinicio Marchioni, Sabine Timoteo, Leonardo Nigro)

 

Сатер е осамен човек, кој е во постојано движење, бегајќи од себе. Преку ден, шета низ Швајцарија со бело комбе, додека преку ноќ тајно го набљудува животот на една друга осамена личност: Ана, млада жена што страда од сложен облик на тага. Откако ја открива неговата опседнатост со неа, се создава необична врска меѓу нив. Но оваа кревка рамнотежа за кратко време ќе биде уништена, кога Ана ја открива мрачната тајна на Сатер. Филмот e хроника на една невозможна љубовна приказна.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

10 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч

 

ТИЕ

(Loro)

Игран филм, Италија

2018, 151 мин., колор, ДЦП

Режија:  Паоло Сорентино (Paolo Sorrentino)

Сценарио:  Паоло Сорентино (Paolo Sorrentino)

Улоги:  Тони Сервило, Елена Софија Ричи, Рикардо Скамарчо (Toni Servillo, Elena Sofia Ricci, Riccardo Scamarcio)

 

Сместена главно во неговата луксузна резиденција на островот Сардинија, сторијата на филмот преку делумно фиктивни настани ни ги прикажува личноста на Силвио Берлускони, неговата политичка кариера, скандалите, односот со сопругата, врските со мафијата…

Насловот „Лоро“ на италијански значи „Тие (Нивните)“, но исто така претставува и игра на зборови со „l’oro“ што значи „злато“. Сорентино нашол инспирација во новинските текстови за поранешниот италијански премиер и медиумски магнат Берлускони: неговата сторија спојува измислени и реални личности во потполно друг (уметнички) контекст, па сличноста со луѓето и настаните кои моѓе да се доживеат како вистински е ненамерна. Или не е баш ненамерна?

Кинематографер на LORO повторно е, Лука Бигаци (Luca Bigazzi), артистичкиот партнер на Сорентино.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

11 АВГУСТ (ВТОРНИК ), 21:00 ч

 

БИТИЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА

(The Beatles: Eight Days A Week – The Touring Years)

Документарен филм, САД / В. Британија

2016, 116 мин., колор/црно-бел, ДЦП

Режија: Рон Хауард (Ron Howard)

Сценарио: Марко Монро, Пи Џи Морган  (Mark Monroe, P.G. Morgan)

Учествуваат: Џон Ленон, Џорџ Харисон, Пол Мекартни, Ринго Стар (John Lennon, George Harrison, Paul McCartney, Ringo Starr)

 

Како и во случајот со документарецот за Лучано Павароти, и зад филмот за неповторливите Битлси стои креативно-продуцентската екипа предводена од оскаровскиот режисер Рон Хауард.

Во филмот се прикажуваа периодот на создавањето на „Битлси“, со нагласок на годините 1963-1966, кога групата доживеала незапаметена светска слава, а тој период бил наречен „Битлманија“. Во филмот, членовите на групата и бројни други музичари, новинари и глумци зборуваат за големата еуфорија поврзана со нивните плочи и концерти, за притисокот на славата, за повремените кризни настани итн. На свој уникатен начин, режисерот одговара на прашањето: како „Битлси“ се носеле со славата и притисокот? Во филмот се прикажани делови од оригинални интервјуа, архивски снимки и настапи во живо.

Низ оригинални интервјуа, архивски снимки, неверојатни настапи во живо и интимниот карактер на студиото, нè доведува во центарот на случувањата, давајќи одговор кој сите сакаме да го слушнеме: како било да бидеш таму?

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

12 АВГУСТ (СРЕДА), 21:00 ч

ПАВАРОТИ

(Pavaroti)

Документарен филм,  САД / В. Бтитанија / Франција / Италија

2019, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Рон Хауард (Ron Howard)

Сценарио: Кесиди Хартман, Марк Монро (Cassidy Hartmann, Mark Monroe)

Учествуваат: Лучано Павароти, Андреа Гриминели, Николета Мантовани (Luciano Pavarotti, Andrea Griminelli, Nicoletta Mantovani)

 

Филмот на оскаровецот Рон Хауард нуди интимен поглед на животот, работата и делото на италијанската оперска икона Лучано Павароти. Зад Паравоти секогаш оди описот за човек кој успеал да ја доближи операта до пошироката светска публика,

Павароти почина на 6 септември, 2007 година на 72 години.Документарецот  содржи снимки од историските настапи на светски познатиот тенор, интервјуа, како и снимки од приватната архива што досега не биле прикажани. Филмот на Хауард содржи низа студски и снимки во живо, меѓу кои и изведбата на „Miss Sarajevo“ од хуманитарниот концерт Pavarotti & Friends Together for the Children of Bosnia.

За Павароти во овој документарец зборуваат негови блиски соработници и пријатели, меѓу кои Хозе Карерас, Пласидо Доминго и Боно Вокс.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

13 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК, 21:00 ч

КЛИМАКС

(Climax)

Игран филм, Франција / Белгија

2018, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Гаспар Ное (Gaspar Noé)

Сценарио: Гаспар Ное (Gaspar Noé)

Улоги: Софија Бутела, Ромен Гиљермик, Сохејла Јакуб (Sofia Boutella, Romain Guillermic, Souheila Yacoub)

КЛИМАКС е некој вид денсхол мјузикл,со едноставна сторија. Една студена зимска ноќ се случува возбудливата проба за танц во напуштен интернат, придружена со музиката на „Daft Punk“ и „Aphex Twin“, потоа бавно нуркање во ноќната мора на журката која тргнала наопаку – алегориска визија на убавината и хармонијата проследена со целосен колапс на општеството.

Првично, филмот почнал да се снима како документарец за уличните танчери и е единствениот филм на Ное кој има среќен почеток. Група улични танчери, главно аматерски актери, освен ѕвездата на „Kingsman”, Софија Бутела, која и самата е танчерка, се собираат за да ја вежбаат новата кореографија. Сцената е како од класичните мјузикли, но она што ја прави единствена е што во неа се јавува чувството својствено за филмовите на Ное, некакво наслутување дека ќе се случи нешто страшно.

Филмот беше прикажан со успех на Канскиот фестивал 2018, а освои признанија и на неколку други фестивали: Даблин, Фарски острови, Монтреал…

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

14 АВГУСТ (ПЕТОК), 21:00 ч

ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА

(Der goldene Handschuh / The golden glove)

Игран филм, Германија / Франција

2019, 115 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Хајнц Штрунк (Fatih Akin, Heinz Strunk)

Улоги: Јонас Даслер, Маргарете Тизел, Адам Буздукос  (Jonas Dassler, Margarete Tiesel, Adam Bousdoukos)

 

Сериски убиец предизвикува страв кај жителите на Хамбург во раните седумдесетти… Во трилерот ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА, приказната започнува во 1968 година и е сместена во милјето на ниската работничка класа пропадната во алкохолизам и проституција,како единствени „оружја“ со цел да се заборави минатото и трагедијата од Втората светска војна. Филмот е снимен според вистински лик и настани: режисерот Акин живеел во соседството на Хонка, а семејството на неговиот пријател од детството, актерот Буздукас, токму во станот под поткровјето на Хонка.

Филмот ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА беше дел од официјалната конкуренција на Берлиналето 2019 година, како и на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, каде што гостуваа режисерот Акин и неговиот постојан кинематографер Рајнер Клаусман (Rainer Klausmann).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

15 АВГУСТ (САБОТА), 21:00 ч

ОФИЦЕР И ШПИОН

(J’accuse / An officer and a spy)

Игран филм, Франција / Италија

2019, 132 мин., колор, ДЦП

Режија: Роман Полански (Roman Polanski)

Сценарио: Роберт Харис (Robert Harris)

Улоги: Жан Дижардан, Луј Гарел, Емануел Сење (Jean Dujardin, Louis Garrel, Emmanuelle Seigner)

 

Во 1895 година младиот и амбициозен офицер на француската армија Алфред Драјфус е обвинет дека шпионирал во корист на Германија и е осуден на доживотна робија, што треба да ја отслужи на злогласниот Ѓаволски Остров.

Меѓу сведоците на процесот е и полковникот Жорж Пикар, кој неодамна станал шеф на единицата за противразузнавање, која го уапсила Драјфус. Меѓутоа, Пикар открива дека Германците и по затворањето на Драјфус добиваат тајни податоци за француската војска. Во 2019 година ОФИЦЕР И ШПИОН на фестивалот во Венеција доби „Сребрен лав“ и уште три другио награди, меѓу кои и наградата на федерацијата на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Филмот забележа и четири Европски филмски награди и 12 номинации за националната француска филмска награда „Цезар“ (доби 3 награди, меѓу кои и за режија на Полански).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

18 АВГУСТ (ВТОРНИК), 21:00 ч

СКИТНИКОТ ОД ПЛАЖАТА

(The Beach Bum)

Игран филм, Шварјцарија / Велика Британија / Франција / САД

2019, 95 мин., колор, ДЦП

Режија: Хармони Корин (Harmony Korine)

Сценарио: Хармони Корин (Harmony Korine)

Улоги: Метју Меконахи, Снуп Дог, Ајсла Фишер, Зак Ефрон (Matthew McConaughey, Snoop Dogg, Isla Fisher, Zac Efron)

Приказната ги следи постојаните неволји на Мундог (Метју Меконахи), бунтовничкиот скитник кој живее по сопствени правила. Хармони Корин, режисерката на претходниот филмски успех БУНТОВНИЦИ, во СКИТНИКОТ ОД ПЛАЖАТА прави освежувачки оригинална комедија со ѕвездите Снуп Дог, Зак Ефрон, Ајсла Фишер…

Мундог е талентиран поет „во обид“ со своевиден неохипи имиџ. Пријателите го критикуваат дека талентот го потрошил на алкохол и жени. Сепак, во паузите на лудите журки и оргиите, Мундог го завршува неговиот роман, за кој тврди дека е „следниот голем американски роман“. Во секој случај, романот му е единствената шанса да не заврши в затвор…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари