Магазин 10. март 2020. / 14:54

Кинотека ги одложи сите настани и проекции

Кинотека ги одложи сите настани и проекции

Кинотеката на Република С. Македонија соопшти дека сите јавни активности и проекции ги одложуват за 14 дена, почнувајќи од денеска до 24 март 2020 годинава. 

Оваа одлука, како што информира Кинотеката, е согласно препораките од Министерството за здравство од состанокот на Kомисијата за заразни болести одржан денеска. 

– За сите нови информации, дополнително ќе бидете известени. Како и сите граѓани, така и Кинотеката одговорно ќе ги спроведува сите препорачани мерки на претпазливост, се вели во соопштението.