Магазин 17. април 2020. / 23:50

Кина почна изградба на стадион вреден 1,56 милијарди евра

Кина почна изградба на стадион вреден 1,56 милијарди евра

Во Кина официјално почна изградбата на новиот стадион во Гуангжу, кој ќе биде втор по големина фудбалски стадион во светот.

Спортскиот објект ќе има капацитет од 100.000 места, што барем за некое време ќе го надмине оној на „Камп Ноу“ во Барселона (99 354). Каталонците планираат проширување на капацитетот на стадионот на 105.000 места.

Новиот стадион во Гуангжу, сепак, ќе остане зад најголемиот светски стадион во моментов, стадионот „1 мај“ во Пјонганг, којшто има 114.000 места.

Работата на стадионот почнува откако земјата се справи со епидемијата на корона вирусот. Големиот стадион ќе чини 1,56 милијарди евра. На него ќе игра шампионот на најнаселената земја – Гуангжу Евергранде, чиј тренер е Фабио Канаваро.

Новата фудбалска арена треба да биде завршена до крајот на 2022 година.

Неговиот дизајн е во форма на лотос, затоа што Гуангжу е познат како „Град на цвеќето“.