Магазин 23. април 2020. / 11:57

Кина почна да гради стадион за 100.000 гледачи

Кина почна да гради стадион за 100.000 гледачи

Кина започна со изградба на својот најголем фудбалски стадион. Објектот ќе може да прими 100.000 гледачи.

Стадионот се наоѓа во мегалополисот Гванџу. На денешната свеченост беше фрлена првата лопата, а првиот фудбалски натпревар на него се очекува да биде одигран во декември 2022 година.

Од птичја перспектива стадионот личи на расцветан лотос. Целата површина со трибините и паркот околу стадионот ќе опфаќа над 150 декари.

Вредноста на објектот се проценува на 11,7 милијарди долари.