Во 160 држави во светот и во регионот, Кина извезла над една милијарда обични и електрични велосипеди, изјави генералниот директор на Кинеската асоцијација на производители на велосипеди, Лиу Суун.
Според официјалните податоци, во трите изминати квартали од годинава производството на два вида кинески велосипеди е зголемено за 20,2%, а добивката е поголема за 16,9 отсто.
Статистиката покажува дека Кина годишно произведува близу 30 милиони електрични велосипеди во вредност од над 100 милијарди јуани.