Кинеската влада објави дека ќе го отвори Забранетиот град, јавуваат агенциите. Историскиот комплекс ќе ги отвори вратите утре, на 1 мај, а посетителите ќе можат да го посетуваат од 8,30 до 17 часот.
Кинеските власти ги затвори портите на Забранетиот град пред три месеци, по појавата на епидемијата од корона вирусот. Тоа беше дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот.
Забранетиот град во Пекинг е меѓу најголемите туристички атракции во земјата и дневно го посетуваат меѓу 50 и 60 илјади посетители.
Меѓутоа, поради целата сируација со корона вирусот, сега бројот на посетители дневно ќе биде ограничен само на 5.000. Билетите, пак, ќе можат да се набавуваат само по електронски пат.