Магазин 12. февруари 2020. / 13:52

Кевин од „Сам дома“ откри дали Мајкл Џексон го злоставувал

Кевин од „Сам дома“ откри дали Мајкл Џексон го злоставувал

Меколи Калкин, најпознат во улогата на „Сам дома“, беше најголема детска ѕвезда во деведесетите и близок пријател на Мајкл Џексон, за кого се повеќе луѓе тврдат дека е педофил.

Во документарецот „Leaving Neverland“ за наводните злосторства прозборија две негови жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.

Во таква врска со Џексон често беше доведуван и Меколи Калкин, а актерот сега се одлучи да ја раскаже вистината за својот однос со пејачот.

Калкин дал интервју за Ексвајер и одговорил на прашање кое ги мачело сите медиуми.

Вака, ќе започнам веднаш со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов, рече Калкин.

Сега е вистинско време да прозборам и ако имав што да кажам, би кажал сега. Никогаш ништо лошо не ми направил и не сум го видел да прави нешто лошо“, повторил Калкин.

Калкин во интервјуто раскажал дека го сретнал актерот Џејмс Фрнак откако излегол документарецот за злоставувањата, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил.

Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот. Последен пат се виделе во 2005 година, на судењето на Џексон за педофилија.