Магазин 08. септември 2020. / 23:15

Кавадарчанец исплива маратон на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Кавадарчанец исплива маратон на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Докторот специјалист по спортска медицина од Кавадарци, Бошко Илиев (55) од Кавадарци денеска ја преплива акумулацијата „Турија“ кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути.

Станува збор за негов 91 маратон на кој пливал и е дел од маратоните за промоција на езерата и природните убавини во земјава.

Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро.

Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.