Искусниот голман на Порто, Икер Касилјас доживеал срцев удар поради кој бил итно префрлен во локална болница.
Португалските медиуми пишуваат дека чуварот на мрежата е надвор од животна опасност, откако му била извршена итна медицинска интервенција, а Порто ја потврди информацијата преку локалната телевизија.
Според шпекулациите од Португалија, на 37-годишниот Касилјас му се слошило во текот на денешниот тренинг, а некои медиуми пишуваат дека за него сезоната е завршена.
Шпанскиот голман неодамна потпишал нов договор со португалскиот шампион, па за Порто треба да игра до 40 години, зашто има клаузула за автоматско продолжување на соработката на уште една година.