Магазин 06. февруари 2021. / 21:15

Карневалот во Венеција оваа година само преку Интернет

Карневалот во Венеција оваа година само преку Интернет

Рио де Жанеиро и Ница ги откажаа карневалите годинава поради пандемија на корона вирус, а карневалот во Венеција, кој започна во саботата, се одржува само преку Интернет.

Познатиот карневал во Венеција оваа година се одржува само на екраните, во две 90-минутни програми, во сабота и недела од 17 часот.

Поголемиот дел од програмата во живо се одвива во палатата Вендрамин-Калерги на Големиот канал, дом на казиното и музејот на композиторот Ричард Вагнер, кој престојувал таму.

Вториот дел на интернет-изданието на Карневалот ќе започне на 11-ти и ќе трае до 16-ти февруари.

– Оваа година нема фестивалска атмосфера во градот, а во сабота времето беше и магливо, пренесува агенцијата ДПА.

Италија е една од европските земји најпогодена од коронавирус, а од почетокот на пандемијата има повеќе од 2,6 милиони заразени и 90 илјади смртни случаи.

Во сила е полициски час низ цела Италија, со почеток во 22 часот. Во многу градови, вклучително и во Венеција, кафулињата и рестораните можат да ги опслужуваат гостите само до 18 часот, пишува ДПА.