Магазин 21. февруари 2019. / 11:43

Карачиќ: Не можам да кажам каде ќе играм следната сеозна

Игор Карачиќ е еден од играчите со најдолг стаж во дресот на Вардар, откако хрватскиот ас дојде во Скопје уште додека тренер на клубот беше Веселин Вујовиќ. Секогаш максимално лојален кон црвено-црниот дрес, хрватскиот ас сепак не е сигурен за својата иднина во Вардар по завршувањето на сезонава.

-Во моментов не можам да кажам каде ќе играм од следната сеозна, ќе видиме. Ми истекува договорот оваа сезона, постои можност и да останам, но во следните десетина денови ќе се знае повеќе околу мојата иднина – истакна Карачиќ во разговор за клупската веб-страница, подгревајќи ги најавите за нов егзодус од таборот на „црвено-црните“.

Покрај освоената титула на Лигата на шампионите, Карачиќ издвојува уште еден триумф во дресот на Вардар што ќе го памети цел живот.

-Секако нема да ја заборавам првата титула со Вардар и тоа против Металург. Кога бевме отпишани, и кога загубивме бод претходно во Струмица. Имавме дуел со Металург и во СЦ Кале победивме и ја освоивме титулата – се потсетува хрватскиот бек.

Карачиќ не губи надеж дека сезонава Вардар повторно може да ја изненади целокупната ракометна јавност за да стигне до нов трофеј во Лигата на шампионите.

-Сигурно, зошто да не. И кога бевме шампиони не бевме многу силни, но сите проверени. И денска имаме фонд на играчи што може да одработат. И таа 2017 видовме дека се може да се случи – порачува Карачиќ.