Магазин 28. април 2020. / 14:22

Кан, Венеција, Берлин, Торонто … се обединуваат на глобален филмски фестивал против корона вирусот

Кан, Венеција, Берлин, Торонто … се обединуваат на глобален филмски фестивал против корона вирусот

Вкупно 20 филмски фестивали одлучија да ги здружат силите за да создадат глобален онлајн филмски настан.

Десеттодневната онлајн бесплатната манифестација на „Јутјуб“ ќе вклучува проекции на играни и кратки филмови, документарни филмови, како и концерти, настап на комичари и разговори. Целосниот распоред ќе знае како што ќе се наближува фестивалот.

Идејата зад овој проект е тоа што многу од фестивалите мораа да ги поместат или откажат своите програми поради пандемијата на корона вирусот.

Освен трите најголеми европски фестивали, Кан, Венеција и Берлин, во акцијата се приклучија и филмските фестивали од Лондон, Торонто, Ерусалим, Мумбаи и Маракеш, како и „Санденс“ и „Трибека“.

Фестивалот ќе биде отворен на 29 мај, на „YouTube.com/WeAreOne“, а во текот на програмата ќе бидат прикажани филмови од 20 светски филмски фестивали.

Глобалниот Филмски фестивал „Ние сме едно: Глобален филмски фестивал“ (We Are One: A Global Film Festival), ќе им овозможи на гледачите не само да запознаат различни култури од нова перспектива, туку и со директни донации да им помогнат на локалните заедници низ целиот свет погодени од пандемијата на корона вирусот.