Магазин 06. јуни 2019. / 17:22

Какви автомобили возат Дибиров и Самсоненко?

Какви автомобили возат Дибиров и Самсоненко?

Ракометарите на Вардар овие денови се вистинска сензација низ цела Европа, не само дома во Македонија. Иако спортските икони веќе неколку дена се одмораат дома по освојување на шампионската титула, медиумите секојдневно се потсетуваат на хероите кои не смее да бидат заборавени.

Сепак очигледно е дека тие своите „луксузни“ автомобили ги кријат како нозете змијата, па податоците речиси и да не се достапни на интернет, ниту пак на нивните приватни социјални мрежи, пишува Курир.

Сепак според фотографиите од минатото највоодушевувачки луксузен ѕвер вози Тимур Дибиров.

Имено Дибиров кој е познат по тоа дека е страстен љубител на скапи и брзи автомобили, тој до неодамна возеше Ауди А7, а во моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра.

Сепак во меѓувреме дали се подновил со нов автомобил не можеме да тврдиме со сигурност, но како и да е овој ѕвер му е доволен на Дибиров кој е исти како на фудбалерот Ван Перси.

Освен за единствениот ракометар кој на Инстаграм не го крие својот автомобил, достапни информации единствено најдовме и за сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко  кој вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра, пишува Курир.