Пандемијата на коронавирусот финансиски има оштетено многу семејства, но исто така, голем дел од популацијата научи да биде скромна и да не троши многу освен за основните потреби.
Луѓето низ целиот свет се движеа помалку поради рестриктивните мерки, па токму поради тоа, трошеа помалку пари од вообичаеното, со што си обезбедуваа одредени заштеди.
Финансискиот советник Лејси Ленгфорд истакна дека е дојдено правото време лушето да научат да управуваат со своите финансии, и помалку да трошат и да штедат, дури и по завршување на пандемијата.
Штедењето нека стане составен дел од Вашиот живот
Ако сте го организирале Вашиот живот за време на пандемијата на таков начин што сте ги прескокнале скапите ручеци и вечерите во рестораните и го сведовте шопингот и патувањето на минимум, зошто да не продолжите да живеете на идентичен начин и по завршување на пандемијата?
Ако сте задоволни и среќни во животот со овие кратења и ограничувања, продолжете го тој животен стил дури и по пандемијата, истакнува Ленгфорд.
Анализирајте ги трошоците и обидете се да направите избор за неопходни и помалку важни трошоци. На едната страна од листот напишете колку пари трошите за изнајмување (станарина) или хипотека (кредит) и за комунални услуги (сметки), а на другата страна, сите останати трошоци кои не се ваш егзистенцијален трошок. Споредете ги трошоците, проверете колку сте заштедиле за овие неколку месеци со тоа што ќе избегнете трошење на помалку важни работи и одлучете сами дали ви се допаѓа заштедената сума.
Направете план за заштеда
Намерно заштедувајте што поголема сума н пари и градете добри навики за штедење. Ако немате поставено цел за штедење, тогаш полесно ќе ги потрошите парите кои ги имате на располагање. Кога имате цел, ќе размислите неколку пати пред да ги потрошите парите.
Избегнувајте ја фразата „Јас тоа го заслужувам“
Откако со месеци сте штеделе речиси на се, па дури и на мали и најситни детали, по завршување на пандемијата немојте да паднете во замка на фразата „Јас тоа го заслужувам“. Со отворањето на до неодамна затворените трговски центри, но и во желбата себеси да се расположат, многумина подлегнуваат на зголемено и неконтролирано трошење, дури и повеќе од што може да си дозволат.
За успешно да го избегнете пост-пандемиското трошење, Ленгфорд предлага прецизно да го дефинирате износот на буџетот за трошење, што вклучува трошење пари за облека, обувки, ресторани и други активности.
НИКОГАШ не ја надминувајте однапред утврдената сума.