Магазин 15. јуни 2020. / 20:29

Како да го намалите стресот на едноставен начин

Како да го намалите стресот на едноставен начин

Иако долго време се воделе дебати за оваа тема, сега едно истажување покажува дека смеењето го намалува нивото на стрес, па макар и да е вештачко.

Универзитетот во Канзас спровеле експерименти врз студентите задавајќи им задачи кои предизвикувале стрес и анксиозност и откриле дека оние кои се смееле биле под помал стрес од другите.

Сакавме научно да го потврдиме ова дека смеењето е лековито, изјавила Тара Крафт раководител на истражувањето.

Студијата покажала дека било какво смеење макар и вештачко, го намалува стресот и го подобрува расположението. Смеењето е особено делотоворно кога е искрено.

Сепак, следниот пат кога ќе се нервирате за нешто само насмевнете се и полесно ќе поминете низ сите ситуации.