Разбирањето на имунолошката меморија на вирусот САРС-КоВ-2 е клучна за подобрување на дијагностиката и вакцините и за проценка на идниот тек на пандемијата со ковид-19.
Група од околу 20 научници претежно од епидемиолошки, имунолошки и инфектолошки институти во Калифорнија и Њујорк, на 6 јануари објавија труд во списанието „Сајанс“ со наслов „Имунолошката меморија на САРС-КоВ-2 може да трае и до осум месеци по инфекцијата“., пренесува Индекс.хр.
Нивната студија покажува дека пет до осум месеци по појавата на симптомите, имунолошката меморија во најмалку три имунолошки оддели може да се најде кај околу 95 проценти од испитаниците, што значи дека постои можност за постојан имунитет на друга инфекција со ковид-19 кај повеќето луѓе.
Целиот текст од студијата може да го прочитате тука.