Магазин 24. ноември 2020. / 16:27

Кафуле во Рим забранува разговори околу коронавирусот

Кафуле во Рим забранува разговори околу коронавирусот

Менаџерка на мало кафуле во римско предградие сака да им овозможи на гостите да уживаат и барем на кратко да заборават на пандемијата. Затоа во ова кафуле забрането е да зборувате за коронавирусот и за сè што е поврзано со него.

– Веќе со месеци наназад се зборува само за пандемијата, па ние одлучивме да ја подобриме атмосферата, вели Кристина Матиоли, менаџерката на кафулето „Feeling“.

Таа додаде дека верува дека постои вирусот, но не сака луѓето да зборуваат за тоа на кафе:

– Ние не го негираме постоењето на вирусот, но сакаме луѓето да не размислуваат за тоа додека пијат кафе, рече Матиоли.

Повеќето од гостите гледаат позитивно на оваа забрана.

Сепак, во кафулето се почитуваат сите правила за заштита од коронавирусот.