Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, бил позитивен на тестовите за корона вирусот и веднаш е префрлен на лекување, додека, пак, италијанскиот фудбалски првак е ставен во изолација.
Сите фудбалери на Јувентус, како и раководните структури ќе мора да ги минат процедурите на строга изолација, а се тестираат сите кои биле во близок контакт со Ругани.
Според некои информации, Кристијано Роналдо претходно го напуштил Торино и заминал за родната Мадеира во посета на мајка си, која преживеа мозочен удар и се уште се наоѓа под медицински третман.