Магазин 27. август 2020. / 21:54

Јувентус се засили со играч од Шалке

Јувентус се засили со играч од Шалке

Андреа Пирло е нов тренер на Јувентус, а тој веќе почна да ја гради екипата за новата сезона. Првиот играч кој пристигна во торинскиот гигант е младиот Вестон Мекени. Се работи за 22-годишен фудбалер за врска кој досега играше за Шалке и кој на 32 меча минатата сезона впиша три гола.

Инаку Мекени е репрезентативец на САД, а утре ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор. Тој доаѓа на позајмица со тоа што Јувентус има опција да го купи за 18 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.