Магазин 27. јули 2020. / 09:11

Јувентус деветти пат по ред шампион на Италија

Јувентус деветти пат по ред шампион на Италија

Јувентус на две кола пред крајот на италијанската Серија А.

„Старата дама“ на домашен терен ја победи Сампдорија со 2:0 со што го обезбеди деветтиот по ред шампионскиот трофеј.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески. Пред крајот на натпреварот, Роналдо промаши пенал.

Со овој триумф, Јувентус има 83 бода и е недостижен за конкурентите.

За „Старата дама“ ова е вкупно 36. шампионска титула во Италија.