Платформата Јутјуб во последните три месеци остварила заработка од пет милијарди долари од реклами, откри Алфабет.
Компанијата Алфабет, под чии закрила се наоѓаат Гугл и Јутјуб, ова го напишала во својот извештај за четвртиот квартал. Инаку, ова е прв извештај од компанијата откако Сундар Пичаи стана извршен директор на Алфабет.
За прв пат, по речиси 15 години, поточно, откако Гугл го купи Јутјуб, обелоденето е колкава е заработката на овој видео сервис. На годишно ниво, Јутјуб има приход од 15 милијарди долари, што е околу 10 отсто од вкупната заработка на Алфабет.
Со ова приходот од реклами на Јутјуб изнесува околу петина од тој на Фејсбук, но, за пример, истовремено е за шест пати поголем од сервисот на Амазон за стриминг на игри, Твитча.