Јавен настан под мотото „Партизан обединува“ ќе се одржи денеска во дворот на спортската сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 4.
Од Општината Карпош информираат дека овој култен спортски објект неодамна е вратен во нивно владение и почнуваат со активности за негова ревитализација.
На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, претседателката на меѓународната невладина организација „Културно ехо“, Симона Димковска, директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, како и проектантот на спортската сала „Партизан“, Трајко Димитров, истакнат македонски архитект.
Од општината посочуваат дека предвидено е и чистење на околниот простор, а ќе има можност да се видат и предлог – идејните решенија за обнова на салата