Јосифовка е јапонско јаболко со портокалова боја и уникатен благ вкус. Се произведува во строго контролиран процес во специјални комори каде и се одзема присуството на танин(„собирање на устата“) и може да се конзумира веднаш!
Содржи висока количина на растителни влакна кои овозможуваат да бидете сити подолг временски период а исто така ја намалуваат потребата за шеќер и преработена храна. Богато е со антиоксиданси како што се витаминот А, К, Ц и фитонутриентот зеаксантин. Овие состојки имаат значајна улога на ретината од оштетување и го штитат организмот од последиците на оксидативен стрес што може да помогне во јакнењето на имунотетот и одбрана од болести. Антиоксидантите и фитонутриентите кои што ги содржи ова јапонско јаболко ги неутрализираат слободните радикали и го штитат организмот од предвремено стареење.
Високата застапеност на растителните влакна го подобрува варењето на храната, со што се намалува ризикот од канцер на дебелото црево. Научниците сметаат дека тоа се должи на присуството на флавоноидот фисетин, кој што е присутен во неколку овошја, а особено висок процент содржи јапонското јаболко Јосифовка. Еден плод исто така содржи 12,6 мг витамин „Ц“, што претставува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин. Со тоа ова овошје, го јакне имунитетот и го штити организмот од слободните радикали.
Диеталните влакна со кои е богата Јосифовката, се пресудни за добро функционирање на дигестивниот тракт, помагаат при проблеми со опстипација и поттикнување на цревата, што резултира со исфрлање на токсините од организмот. Ова јаболко во еден плод содржи 6 грама диетални влакна (24% од препорачаниот дневен внес), кои се клучни за процесот на слабеење бидејќи го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот.
Неодамна направено истражување покажало дека јапонското јаболко содржи високо ниво на диетални влакна, минерали и феноли, кои се од пресудна важност во борбата против атеросклерозата(главната причина за срцеви болести). Научниците тврдат дека високата содржина од диетални влакна, феноли и минерали го прават јапонското јаболко многу пожелно во антиатеросклеротичните диети.
Од сето наведено може да се види дека јапонското јаболко Јосифовка е вистинскиот извор на здравје во овие студени денови.