Магазин 01. јануари 2021. / 20:56

Јапонски оперски пејач ја отпеа „Македонско девојче“

Јапонски оперски пејач ја отпеа „Македонско девојче“

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, на неговиот фејсбук-профил објави видео од јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој ја пее песната „Македонско девојче“.

Благој вели дека Казухиро песната ја снимил во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија. Видеото со песната на Јонче Христовски, а која е посветена на ќерката на Виолета Томовска, беше објавено вчера на Јутјуб.