Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Енис Јаховиќ за малку ја избегнал трагедијата по катастрофалниот земјотрес во Турција.
Јаховиќ пред неколку дена си замина од Малатијаспор и потпиша за Анталијаспор и за влакно ја избегна катастрофата.
Тој се огласи преку социјалните мрежи, при што им посака на луѓето во регионот на Елазиг и Малатија да бидат добро во овие тешки моменти.