Магазин 21. јануари 2021. / 17:20

Изненадување: Ериксен се сели во Манчестер Јунајтед

Изненадување: Ериксен се сели во Манчестер Јунајтед

Кристиан Ериксен до крајот на преодниот рок ќе го напушти Интер, а нoв фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Интер исто така сака да се ослободи од неговата плата и е спремен да го пушти данскиот плејмејкер на позајмица, бидејќи не се вклопува во формацијата на Контe.

Најсериозен интерес за Данецот покажува Манчестер Јунајтед, кој веќе испратил понуда за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.

Ериксен би сакал да се врати во Премиер лигата и нема да има проблем да се договори со „црвените ѓаволи“.