Магазин 08. април 2019. / 09:37

Изменет сообраќаен режим на делницата Миладиновци-Куманово

Изменет сообраќаен режим на делницата Миладиновци-Куманово

Од денеска до четврток ќе има промена на режимот на сообраќај на делницата Миладиновци – Куманово, кај старата наплатна станица Романовце.

Причината за изменетиот сообраќаен режим, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се градежни активности за поставување на индуктивни јамки на автопатот.