Магазин 11. септември 2020. / 10:13

Изложба на дела од Меѓународната струмичка ликовна колонија

Изложба на дела од Меѓународната струмичка ликовна колонија

Вечер во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена изложбата на дела создадени на годинашната педесет и седма Меѓународна струмичка ликовна колонија, која се одржа минатиот месец.

На колонијата учествуваа четиринаесет ликовни уметници од земјава, кои создадоа нови триесет дела во масло на платно, акрил и мозаик.

Со новосоздадените дела фондот на колонијата брои вкупно 2.600 дела, создадени од околу 1.400 ликовни уметници.

Изложбата традиционално се отвора на 11 септември, Денот на ослободувањето на Струмица.