Капитените на екипите што настапуваат во Премиер лигата изминативе десетина дена (4-13 декември) носеа ленти во боите на виножитото, во знак на поддршка на ЛГБТ-заедницата и нивното приклучување во фудбалот.
Единствен кој не го направи тоа е српскиот репрезентативец, Бранислав Ивановиќ, кој ги предводеше фудбалерите на ВБА на дуелот со Њукасл. Тој на теренот истрча со стандардната капитенска лента, а во ниту еден медиум нема детали зошто Србинот го направил тоа.
Ова не е првпат српски интернационалец да се противи на традицијата во Премиер Лигата, со оглед што Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед неколку години наназад одбива да го стави симболот со кој Британците го одбележуваат „Денот на ветераните“ во чест на загинатите војници во светски војни. Тој веднаш објасни дека не може на носи на себе симбол кој се залага за армија што во 1999 година ја бомбардираше неговата држава.