Магазин 29. септември 2020. / 15:10

Истражување: Ковид-19 не се пренесува преку мајчино млеко

Истражување: Ковид-19 не се пренесува преку мајчино млеко

Мајчиното млеко е безбедно за бебето и, ако мајката е заразена со коронавирусот, тој нема да се пренесе на бебето преку доење. Ова, според ново истржување на Одделот за неонатологија при Универзитетот на Торино.

Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе, што е многу важно, нагласи професорот Давид Лембо, кој го водеше испитувањето.

–Антивирусното дејство на мајчиното млеко е тестирано неколку години, но сега се откриени нови компоненти кои можат и да го заштитат новороденчето од вирусите.

Следствено, проф. Лембо препорачува, освен во посебни случаи, мајките да го дојат своето дете, бидејќи тоа е „еден од најважните извори на здравје и силен имунитет“ кај бебето.

Истражувањето е објавено во меѓународното научно списание „Фронтиерс ин педијатрикс“ (Frontiers in Pediatrics) и дополнително ги потврдуваат препораките на Светската здравствена организација (ОМС) дека и мајки заразени со коронавирусот можат и треба да ги дојат своите бебиња… Притоа почитувајќи ја хигиената, заштитните мерки, како што е носењето заштитна маска, миење раце, чистење и дезинфекција на користените површини и предмети.