Новиот корона вирус SARS-CoV-2, што минатата година се појави во кинескиот град Вухан и ја предизвика COVID-19 пандемијата, што се прошири во повеќе од 70 држави во светот, е резултат на природна еволуција.
Тоа го покажуваат резултатите од научното истражување објавено во престижното списание Nature Medicine.
Анализата на објавените податоци геномната секвенца на SARS-CoV-2 и поврзаните со него вируси не открива докази дека вирусот е вештачки произведен во лабораторија или разработен на друг начин.
-Споредувајќи ги достапните податоци за конзистентноста на геномот на познати коронавирусни видови, можеме категорично да одредиме дека SARS-CoV-2 потекнува од природни процеси, вели Кристијан Андерсен, доктор по имунологија и микробиологија во институтот The Scripps Research Institute од Сан Диего, Калифорнија, кој е еден од авторите на научното истражување.