Магазин 13. април 2020. / 11:14

Истражување: Корона вирусот дејствува како нинџа-трипати побрзо ги совладува белите дробови

Истражување: Корона вирусот дејствува како нинџа-трипати побрзо ги совладува белите дробови

Новиот корон вирус е трипати поагресивен спрема белите дробови на заболените во споредба со вирусот, што предизвикува атипична пневмонија познат како Сарс, јавува ТАСС.

Агенцијата го цитира истражувањето на специјалисти од универзитетот во Хонгконг. Екипа на микробиолози под раководство на проф. Јуен Квон-Јун ја истражувал активноста на вирусот на примероци на ткиво на белите дробови, земени од шест пациенти доброволци.

Се покажало дека корона вирусот во период од 48 часа се репродуцирал во клетките 3,2 пати поинтензивно, отколку вирусот на атипичната пневмонија. Притоа новио корона вирус предизвикал побавни имунолошки и воспалителни реакции. За разлика од вирусот на атипичната пневмонија, за две деноноќија „инвазија“ тој во пракса предизвикал реакција на сигнални протеини, искористени од имунолошкиот систем.

-Корона вирусот дејствува како нинџа, во орханизмот се размножува во услови на намалено ниво на интерферони и воспалителни реакции, се констатира во истражувањето на екипата од Хонгконг.

Според проф. Јуен Квон-Јун, исклучено е пандемијата да биде совладана до јули.