Магазин 30. декември 2020. / 13:55

Историскиот говор на Тони Стојановски овековечен на ѕидовите на ФФМ

Историскиот говор на Тони Стојановски овековечен на ѕидовите на ФФМ

ФФМ му укажа посебна чест на коментаторот Тони Стојановски за неговите завршни зборови по победата против Грузија во Тблиси и историскиот пласман на ЕУРО 2021.

Македонија има врвни спортски коментатори, Тони Стојановски од МТВ со обединувачки зборови по средбата со Грузија заедно со македонската фудбалска репрезентација и ФФМ испиша историја и ги поттикна сите да ја сакаат репрезентацијата и да навиваат за неа.

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини во друштво со Стојановски од името на федерацијата му порача:

– Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште, дел од говорот на Тони Стојановски.

Целосното видео од денешната посета на Тони Стојановски може да го погледнете ТУКА.