Магазин 29. декември 2019. / 12:45

(ВИДЕО) Историски настап на тројца браќа на ист НБА натпревар, Дончиќ се поигра со „воините“

(ВИДЕО) Историски настап на тројца браќа на ист НБА натпревар, Дончиќ се поигра со „воините“

Натпреварот меѓу Њу Орлеанс пеликанс и Индијана пејсерс ќе остане запишан во историјата на НБА лигата, откако во него учествуваа тројца браќа.

За „пеликаните“ настапи Џру Холидеј, додека за Индијана играа неговите двајца браќа Џастин и Арон Холидеј. На крајот славеше Њу Орлеанс со резултат 120-98, а по мечот тројцата разменија дресови.

– Беше одлично. Успеав да ги победам и ги добив нивните дресови, кои ќе ги закачам да висат дома. Целото семејство и пријатели беа тука, така што беше навистина убаво – Џру.

Тој има 29 години додека Џастин има 30, а Арон 23, а тие тројца имаат и сестра, Лорен, која посочи дека на трибините имало околу 30 роднини за време на натпреварот.

Лука Дончиќ со трипл-дабл си поигра со Голден Стејт

Словенечкиот кошаркарски феномен Лука Дончиќ имаше уште една блескава претстава во победата на неговиот Далас мавериокс против Голден Стејт вориорс со 141-121. Дончиќ беше незапирлив за противничките кошаркари, со коишто на моменти си поигруваше на теренот.

На крајот, Словенецот го заврши мечот со 31 поен, 15 асистенции и 12 скокови и тоа за само 30 минути игра.

Други резултати:

Денвер – Мемфис 119: 110
Бостон – Торонто 97: 113
Мајами – Филаделфија 117:116 (прод.)
Вашингтон – Њујорк 100: 107
Чикаго – Атланта 116: 81
Хјустон – Бруклин 108: 98
Милвоки – Орландо 111: 100
Сан Антонио – Детроит 136: 109
Сакраменто – Феникс 110: 112
Л.А. Клиперс – Јута 107: 120