Магазин 16. март 2019. / 09:42

Искористете го сончевото време – од вторник пороен дожд

Искористете го сончевото време – од вторник пороен дожд

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и топло време, а максималните температури на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Во вторник и среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.