Магазин 17. февруари 2019. / 13:03

Искористете го сончевото време – еве кога нагло ќе залади

Искористете го сончевото време – еве кога нагло ќе залади

Убавото време ќе продолжи во текот на целата недела, но во сабота ќе настапи промена.

Времето до петок ќе биде претежно сончево и потопло, но веќе в сабота, како што најави УХМР, се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.

Од утре до петок утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 5 до 17 степени.

В сабота дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 7 степени.