Временската прогноза за денеска е претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 13 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 11, Битола 10, Крива Паланка 12, Берово 9, Кавадарци 13, Дојран 15 степени.
И за утре се очекува претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 8 во Маврово, 14 во Скопје, 12 во Охрид, до 16 степени во Дојран.